Политика на приватност

    pankmobil.com.mk  ја почитува вашата приватност и ги заштитува вашите лични податоци согласно законските прописи.


Предмет на политиката за приватност
    

    Оваа политика се однесува на начинот на кој ПАНК МОБИЛ ги обработува личните и други податоци преку кои може да се изврши лична идентификација како што се вашето име и презиме, единствениот матичен број, број на лична карта, даночен број, телефонскиот број, адреса, e-mail адреса, како и дополнителни демографски информации кои инаку не се јавно достапни, вклучувајќи ги и информациите во врска со вашето користење на производите и услугите на ПАНК МОБИЛ.
    Личен податок е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува, а лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно.


Собирање на лични податоци


    ПАНК МОБИЛ ги собира и ги обработува вашите лични податоци кога се регистрирате како корисник на неговите производи и услуги, кога се регистрирате онлајн на неговите веб страници како корисник на онлајн услугите, кога ги посетувате неговите веб страници или веб страниците на одредени партнери на ПАНК МОБИЛ, како и кога учествувате во промоции или наградни игри. ПАНК МОБИЛ може да ве регистрира како корисник на производите и услугите преку дефинираните продажни места како и онлајн преку своите страници дефинирани за регистрација.
    Кога се регистрирате, од вас бараме лични податоци, а соодветно на потребите и услугите, ПАНК МОБИЛ може да побара и дополнителни податоци.
    Кога се регистрирате онлајн, посебно кога е потребен пренос на строго доверливи информации, ПАНК МОБИЛ го заштитува протокот на вашите лични податоци преку мрежата со SSL протоколот за заштита на информации.
    ПАНК МОБИЛ собира информации за вашите трансакции со него и со неговите деловни партнери, вклучувајќи ги и информациите за плаќањето на производите и услугите кои ги нуди.
    ПАНК МОБИЛ може да прибира информации за вашата посета, вклучувајќи ги страните кои ги гледате, линковите на кои кликнувате и други активности поврзани со сајтовите и услугите на ПАНК МОБИЛ и може да прави записи на активноста на корисникот.
    Ве молиме да имате предвид дека во случај да откриете лични податоци преку групите на ПАНК МОБИЛ или други јавни онлајн форуми, истите може да ги приберат и да ги користат и други. Затоа, ве советуваме и ве предупредуваме да не ги откривате своите лични податоци онлајн на непознати, со цел да се спречи нивно неовластено користење или злоупотреба.


Употреба, споделување и откривање на информации


1. ПАНК МОБИЛ ги собира и ги обработува вашите лични податоци за:
· Регистрирање на купувачи и продавачи на онлајн сервисот на ПАНК МОБИЛ
· Подобрување на услугите
· Наплата на услугите
· Прикажување на персонализирани содржини и промотивни материјали (реклами) соодветно на вашите интереси, врз основа на ваша изречна согласност
· Спроведување истражувања за производите и услугите кои ќе придонесат за подобрување на услугите кон вас.
2. ПАНК МОБИЛ ги користи вашите лични податоци и вашите акаунти за да комуницира со вас. Тоа значи дека ПАНК МОБИЛ:
 · Може да праќа одредени задолжителни известувања и писма како што се писма за добредојде, опомени за плаќање, информации за прашања за технички услуги и известувања за безбедност, електронски писма на вашата е-mail адреса за известување во процесот на регистрација за одреден негов производ или услуга, и сл.
 · Може да праќа периодични писма до корисниците, кои се сметаат за дел од услугата на ПАНК МОБИЛ
· Може повремено да ви испрати промотивни електронски писма со цел да ве информира за други и нови производи или услуги на располагање од ПАНК МОБИЛ, при што го задржувате правото повратно да нè известите дека во иднина не сакате повеќе да добивате информации од ваков тип.
3. ПАНК МОБИЛ ги обработува вашите лични податоци единствено за целите за кои се собрани, а кои се подетално опишани во точка 1 од овој член. ПАНК МОБИЛ може да врши обработка и за други цели врз основа на ваша согласност или во следните случаи:
· Обработка на лични податоци од страна на партнери од доверба кои работат во име на или со ПАНК МОБИЛ, врз основа на договори за обработка на податоци со кои се обврзуваат на сигурност и тајност на личните податоци. Овие компании, во име и за сметка на ПАНК МОБИЛ можат да ги користат вашите лични податоци за да комуницираат со Вас за понуди на производи и услуги на ПАНК МОБИЛ. Овие компании можат да ги обработуваат вашите лични податоци во согласност со насоките што ги добиваат од ПАНК МОБИЛ. Тие немаат право да вршат обработка на вашите лични податоци за цели кои не се во согласност со договорената деловна соработка.
· Обработка на лични податоци од страна на надлежни органи врз основа на судски налог и во судски постапки каде што постои законска основа за тоа.
· Вашите лични податоци може да бидат дадени на понатамошна обработка на друго правно лице доколку се промени правниот субјективитет на  ПАНК МОБИЛ (спојување со или припојување кон друга компанија, трансформација на компанијата, отварање на друга компанија со исти сопственици). Во овој случај, ПАНК МОБИЛ ќе ве извести пред вашите податоци да бидат дадени на обработка на новиот правен субјект и пред нивната обработка да стане предмет на поинаква политика за приватност.


Користење на Cookies


    Cookies е мал фајл со текст кој е ставен на вашиот хард диск од страна на вашиот сервер на веб страницата. Cookies содржат информации кои можат да бидат прочитани подоцна од веб серверот во доменот кој ви го издава cookies. Cookies не можат да се користат за работење со програми или пак да пренесат вируси на вашиот компјутер.
1. ПАНК МОБИЛ користи “cookies” за да ви овозможи да се пријавите на услугите на ПАНК МОБИЛ и да ви помогне да го персонализирате вашето онлајн искуство.
2. ПАНК МОБИЛ  може да ги постави и да има пристап до cookies на ПАНК МОБИЛ на вашиот компјутер.
3. ПАНК МОБИЛ обезбедува рекламен простор на своите веб страници за други компании. Некои од овие реклами на други компании може да поставуваат cookies и да имаат пристап до нив на вашиот компјутер. Употребата на cookies од страна на други компании е предмет на нивни сопствени политики за приватност, а не на овие општи услови. Огласувачите или другите компании немаат пристап до cookies на ПАНК МОБИЛ. ПАНК МОБИЛ нема пристап до cookies кои може да бидат поставени на вашиот компјутер од рекламните мрежи на други компании.


Контрола на вашите е-mail account-и и вашите информации


1. Може да извршите промена на информациите од вашите account-и, како и да ги промените вашите преференци за вршење на директен маркетинг во кое било време преку пристап до веб страницата.
2. Го задржуваме правото да ви испраќаме одредени известувања кои се поврзани со услугите на ПАНК МОБИЛ, како што се објави за услуги, административни пораки и информации и известувања кои се сметаат за дел од вашите  account-и, и за нив не се нуди можност да одберете да не ви пристигнуваат.
3. За бришење на вашите account-и во ПАНК МОБИЛ потребно е да ни испратите e-mail со информациите како име, презиме, телефон, e-mail и текст дека сакате да го избришеме вашиот профил како и причините поради кои сакате да престанете со користење на услугите на ПАНК МОБИЛ и откако ќе ни потврдите телефонски дека сакате да го избришеме вашиот профил истото ќе биде остварено од наша страна.


Доверливост и безбедност


1. Пристапот до вашите лични податоци во ПАНК МОБИЛ е ограничен на оние вработени и трговци кои тргуваат преку ПАНК МОБИЛ за кои сметаме дека имаат реална потреба да дојдат во контакт со тие податоци со цел да ви овозможат да ги добиете бараните услуги или производи.
2. Ги преземаме сите потребни технички и организациски мерки за обезбедување на сигурност и тајност на вашите лични податоци, сè во согласност со постојните законски прописи од оваа област, со цел да ги заштитиме истите од неовластен пристап, неовластено откривање, неовластена обработка или злоупотреба.
3. Кога пренесуваме чувствителни податоци (како број на кредитна картичка или лозинка) преку Интернет, ги штитиме преку користење на шифрирање, како Secure Socket Layer (SSL) протоколот.