За нас

 
    ПАНК МОБИЛ е професионализирана продавница и сервис за мобилни телефони. Основана е во 2012 година од страна на млади ентузијасти. Идејата за започнување на сопствен бизнис не понесе од потребата за конкурентност на нашиот пазар за една од најбрзорастечките светски индустрии - индустријата на мобилните телефони. Нашата дејност опфаќа: продажба на нови и користени мобилни телефони, професионален сервис за поправка на мобилните телефони и продажба на галантерија за мобилните телефони. Во нашата продавница можете да купувате, продавате и менувате нови и користени мобилни телефони. Нашиот сервис кој располага со стручен квалификуван кадар, ви нуди хардверски и софтверски решенија за проблемите со вашите мобилни телефони кои ви го попречуваат нормалното секојдневно функционирање. Нашата понуда за галантерија е секогаш актуелна, сите продукти се со проверен квалитет и секогаш го нудиме само најдоброто. Во ПАНК МОБИЛ можете да ги најдете производите на Zore, Konfulon, Teracell, Rez и многу други. Наш приоритет е да продолжиме со понуда на голем број практични производи кои овозможуваат пријатни искуства при користење на истите.
    Политиката за квалитет на  ПАНК МОБИЛ е понатамошно зголемување на довербата што нашите потрошувачи ја имаат во квалитетот на нашите производи и услуги и реализација на постојаноста и ефективноста. Поради брзото темпо на пазарот, од нас се бара голема будност и висок степен на флексибилност, но нашиот тим е секогаш тука за вас, потрошувачите и соработниците.
 
Со почит ,
ПАНК МОБИЛ